Дома Фудбал Останато Мбапе конечно дочека и го доби бројот на својот идол

Мбапе конечно дочека и го доби бројот на својот идол

Килијан Мбапе воодушевува од натпревар во натпревар, со Франција го освои Светското првенство, а беше прогласен и за најдобар млад играч на Мундијалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од денес во ПСЖ си избра и нов број, дочека да се ослободи „седмицата“ која минатата година ја носеше Лукаш Моура кој во текот на јануарскиот преоден рок премина во Премиер лигата. Ѕвездата на Мундијалот и најдобриот млад играч на СП од оваа сезона ќе го носи дресот со број 7 во чест на својот идол Кристиано Роналдо.

Познато е дека Мбапе израсна гледајќи го Роналдо како пример, сепак минатата година ја одби можноста да заигра во ист тим со Роналдо, со оглед дека „кралевите“ тогаш испратија понуда во вредност од 180 милиони евра.

Имено, во Монако неодамна открија дека минатото лето прифатиле понуда од Реал за Мбапе која изнесувала 180 милиони, а кога од ПСЖ ја изедначиле понудата одлучила желбата на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкендија добила намалување на казната за скандалот во купот!

Фудбалерите на Шкендија првите два натпревари од сезоната како домаќин ќе ги игра во Скопј…