Дома Топ вести Мбапе е отпишан, ПСЖ не го зеде на турнеја со тимот

Мбапе е отпишан, ПСЖ не го зеде на турнеја со тимот

Пари Сен Жермен го објави списокот на играчи што ги носи во Јапонија на подготовки, а на него ја нема најголемата ѕвезда на клубот, Килијан Мбапе.

Англиските медиуми пишуваа дека ПСЖ подготвил огромен договор за Мбапе со цел да го спречи да потпише за Реал Мадрид, но Насер Ал Келаифи се налутил зашто е сигурен дека Французинот веќе постигнал договор со шпанската екипа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Екип“ пишува дека Реал и Мбапе веќе имале договор и неговата мисија во ПСЖ е завршена, но засега не е познато кога би се преселил во Мадрид.

Парижаните со сите сили се обидуваат да се ослободат од 24-годишниот Французин ова лето откако им стана јасно дека тој сака да замине бесплатно следната година.

Раководството на ПСЖ одлучи Мбапе да не оди на подготовки со тимот, што значи дека дефинитивно е на продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…