ПСЖ вчера во 11-тото коло во Лига 1 без поголеми проблеми го совлада Марсеј со 2:0 со што го задржа максималниот учинок во првенството.
Иако победата над лутиот ривал е секако важна за „светците“, една работа која се случила пред натпреварот фрли мала дамка на нивната перфекција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренерот на ПСЖ ги изостави од стартните 11 Килијан Мбапе и Адриен Рабио, а после натпреварот откри и зошто го направил тоа.
„Тоа се дисциплински мерки и мала казна, станува збор за ситуација која се случи пред натпреварот“, кратко порача германскиот тренер.
Подоцна новинарите на „Канал +“ успеаа да дојдат до информации дека двоецот бил изоставен поради доцнење и тоа не им било прв пат.
Мбапе во игра влезе во 62-тата минута, а само три минути подоцна постигна гол за водство, а Рабио доби шанса во 79-тата минута кога го замени Ди Марија.