Дома Фудбал Англија Матиќ е новата „жртва“ на Солскјер

Матиќ е новата „жртва“ на Солскјер

matic

Какви се позициите на Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед?

Тој игра стандардно, но мака мачи со повредите, меѓутоа ова би можело да биде неговата последна сезона помината на „Олд Трафорд“. Имено, англиските медиуми тврдат дека со доведување на Деклан Рајс, Матиќ би станал вишок во екипата на Оле Гунар Солскјер. Норвежанецот сака да ја подмлади екипата, си заминуваат Ерера, Мата, Валенсија и Рохо, а Матиќ би можел да биде петиот играч кој би го напуштил клубот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Рајс има договор со Вест Хем до 2024. година, но и плата од „само“ 30,000 фунти неделно, голем надомест, плус многу поголеми примања би можело да бидат пресудни, Вест Хем признаваат дека ќе размислат доколку пристигне непристојна понуда за 20-годишниот играч за врска.

Солскјер му дозволува на Погба да го напушти клубот, тука е и МекТоминеј, а ќе остане и Фред кој не се снајде, но платен беше 50 милиони е и помлад од Матиќ. Србинот има договор уште две сезони, 120,000 фунти неделно, летото ќе има прилика евентуално Јунајтед да врати дел од парите вложени во Германецот кога пристигна од Челзи.

Заинтересирани клубови ќе има најверојатно од Италија, но ќе видиме што ќе се случи со Рајс и дали Матиќ ќе ја плати сметката поради подмладување на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ова зборуваа Гвардиола и Клоп: Уште еден тренер реагираше на проблемот кој се почесто е главна тема!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нури Сахин, се придружи на низата тренери и играчи кои иста…