Дома Фудбал Останато Мата: Ако Меси доаѓа во Манчестер, нека биде тоа во Јунајтед

Мата: Ако Меси доаѓа во Манчестер, нека биде тоа во Јунајтед

Иднината на Лионел Меси во Барселона се уште не е сигурна.

Аргентинецот најмногу се поврзува со Пари Сен Жермен во овој период, меѓутоа тука е и Манчестер Сити со Пеп Гвардиола. Никој уште со сигурност не може да каже дека Меси ќе го продолжи договорот кој му истекува на крајот од сезоната, па затоа и е актуелна тема во медиумите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меси сега доби и покана од Хуан Мата да дојде во Манчестер Јунајтед.

„Искрено се надевам дека Меси нема да дојде во синиот дел на Манчестер. Не знам што ќе се случува, но ако сака да дојде во Манчестер нека биде тоа во Јунајтед“, порача шпанскиот фудбалер.

Треба да се спомене дека Меси до сега не се поврзуваше со трансфер во редовите на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дочека: Ветеранот Варди го постигна првенецот во Серија А! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Варди вечерва го постигна неговиот прв гол во …