Дома Фудбал Готово: Хуан Мата има нов клуб!

Готово: Хуан Мата има нов клуб!

Легендарниот шпански фудбалер, Хуан Мата, го пронајде својот нов тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ветеранот во офанзивата ќе ја продолжи својата кариера во Мелбурн Виктори. Потпиша едногодишен договор, кој ќе трае до завршување на сезоната 2025-26.

Овој играч, кој има 37 години, минатата сезона ја помина во Вестерн Сиднеј. Низ неговата голема кариера се истакнува со настапи за клубови како Валенсија, Челси, Манчестер Јунајтед, Галатасарај и Висел Кобе.

Најмногу успеси на клупски план постигна со Челси, освојувајќи ја Лигата на шампионите во 2012 година и Лигата на Европа следната година, додека Лигата на Европа ја освои и со Манчестер Јунајтед во 2017 година.

Најголемото негово достигнување е секако титулата на Светското првенство со Шпанија во 2010 година и Европското првенство две години подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …