Дома Фудбал Останато МАРТИНЕЗ ОТКРИ: Анри започнува самостојна тренерска кариера, се враќа дома

МАРТИНЕЗ ОТКРИ: Анри започнува самостојна тренерска кариера, се враќа дома

Легендарниот француски фудбалер, Тиери Анри најверојатно својата тренерска кариера ќе ја започне во Монако.

Француските медиуми објавија пред неколку дена дека Анри ќе биде новиот тренер на Монако и дека ќе се врати на местото каде што ја започна својата неверојатна играчка кариера. Наводно, се ќе биде официјализирано утре, а дека работата е готова потврди и селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Анри претходните две години работеше како помошник селектор на репрезентацијата на Беглија, но јасно е дека има желба да започне самостојна тренерска кариера. Овие месеци се поврзуваше со многу европски клубови, но приказната не можеше да добие подобар почеток, бидејќи Анри се враќа дома.

„Сигурен сум дека Анри ќе покаже дека е многу добар тренер и искрено му посакувам подобра кариера отколку што имаше како играч, иако тоа е речиси невозможно. Монако е вистински клуб за него и не можеше да добие подобар почеток“, изјави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …