Дома Фудбал Марсело им одговори на навивачите: За се јас сум виновен! (ФОТО)

Марсело им одговори на навивачите: За се јас сум виновен! (ФОТО)

Реал Мадрид вчера запиша изненадувачки пораз на „Сантијаго Бернабеу“ од Џирона.

Џиорна ги победи „кралевите“ со пресврт. Реал Мадрид имаше водство во првото полувреме, но гостите во второто постигнаа два со што го свртија резултатот во своја корист.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој пораз дополнително го оддалечи Реал во борбата за титулата, а статистичарите забележаа еден катастрофален податок за Бразилецот Марсело.

Марсело беше стартер на овој натпревар и немаше позитивно издание. Вториот гол дојде на неговата страна поради лошото маркирање на Бразилецот.

Немаше да биде катастрофално за Марсело ако Реал изгубеше само во овој натпревар. Имено, Марсело бил стартер девет натпревари оваа сезона и во тие средби Реал има дури шест порази, два нерешени резултати и само една победа.

Ова се навистина катастрофални бројки за играчот кој до минатата сезона беше еден од клучните во тимот на Зидан. „Мадритските“ медиуми воопшто не го штедат и гласно тврдат дека Марсело ја игра најлошата сезона од кога е во клубот.

Поради ваквата форма Марсело се повеќе е на мета на критики од навивачите. После вчерашниот натпревар Марсело одлучи и самиот на социјалните мрежи да одговори на критиките кои ги добива.

„За се јас сум виновен!!!Одиме понатаму“, гласеше коментарот на Бразилецот.

Ќе потсетиме Марсело во последно време се повеќе се поврзува со заминување од Реал Мадрид. Засега како најсериозен кандидат за негово доведување се истакнува италијански Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…