Младиот син на еден од најдобрите бекови во историјата на фудбалот и легендата на „лос бланкос“ Марсело, го одигра својот прв натпревар за пионерската селекција на актуелниот шампион на Шпанија, и во него постигна бројки кои навистина привлекуваат внимание.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во извонредната победа на составот на „кралевите“ до 12 години, десетгодишниот Лијам Алвес постигна четири гола. Неговиот тим славеше со 24:0 против локалната Фуенталарења.
Вреди да се напомене и дека постариот син на Марсело Енцо веќе направил сериозни чекори кон тоа да ги пополни татковите чевли, бидејќи настапува за младинскиот состав на Реал и репрезентацијата на „Црвената фурија“ до 16 години.
Момчето родено во 2009 година игра на позиција напаѓач, а за У15 тимот на Шпанија постигна четири гола на пет натпревари. Исто така, претходната сезона даде 24 гола на 18 настапи за „Ла Фабрика“.