Дома Топ вести „Марка“: ПСЖ се одлучил на неочекуван потег за само Нејмар да не заврши во Барса

„Марка“: ПСЖ се одлучил на неочекуван потег за само Нејмар да не заврши во Барса

Нејмар е еден од играчите за кои многу ќе се пишува ова лето.

Бразилската ѕвезда на големо се поврзува со враќање во Барселона, а сега „Марка“ пишува дека тој бил понуден на најголемиот ривал на Каталонците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Односот помеѓу ПСЖ и Барселона не е баш најдобар и наводно Насер Ал-Келаифи не сака да го продаде Нејмар на Барселона.

Влошувањето на односот помеѓу ПСЖ и Барселона започна кога Каталонците се обидуваа да го убедат Марко Верати да дојде на „Камп Ноу“. На тој потег на Барселона ПСЖ одговори со плаќање на клазулата за Нејмар. Клубовите од тогаш имаат нарушен однос.

ПСЖ наводно сака да се ослободи од Нејмар, но за тој да не заврши во Барселона „Марка“ пишува дека бил понуден на Реал Мадрид, но одговорот од Мадрид бил негативен. Реал се поврзуваше со Нејмар, меѓутоа во меѓувреме на „Бернабеу“ пристигнаа неколку засилувања и веројатно Перез не сакал да потроши астрономска сума.

Реал им се заблагодарил на понудата и на клубот од Париз им порачал дека управата на тој клуб ќе биде прва која ќе дознае ако тие го сакаат Нејмар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Струга на три кола пред крајот се раздели со тренерот Дуро

Aктуелниот шампион на Македонија Струга Трим Лум во моменти кога е во трка за титулата на …