Милан минатото лето го откупи договорот на Факијо Томори од Челзи за 28 милиони евра, а Англичанецот одигра фантастична сезона.
Томори се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и даде огромен придонес во освојување на Скудетото.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е во потрага по квалитетен дефанзивец, а медиумите на Островот пренесуваат дека прва мета е токму Томори, кој веќе е стандарден во англиската репрезентација.
„Црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 60 милиони евра плус бонуси кои можат да достигнат од 10 милиони евра за потписот на Томори.
Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да слушне за продажба и ќе ги одбие сите понуди.