Манчестер Јунајтед објави загуба од 50 милиони фунти во САД и тоа поради претседателот на САД, Доналд Трамп.
Имено, Трамп го намали корпоративниот данок од 35% на 21% со цел да ја зголеми американската економија. Тоа автоматски значеше и намалување на вредноста на зделките поврзани со Манчестер Јунајтед во сопствеништво на семејството Глејзер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа е најголемата финансиска загуба на Јунајтед од 2010 година, но причина за тоа паника нема.
„Станува збор за промени во даночните стапки кои влијаеше на финансиите и парите со кој клубот располага. Долгорочното намалување на данокот е добра вест за нас, но во овој период тоа се покажа како загуба. Ова намалување воопшто не влијае на тековните работи на клубот и не создава проблеми со финансискиот фер-плеј“, соопштија од клубот.