Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед договори дефанзивец од Феенорд

Манчестер Јунајтед договори дефанзивец од Феенорд

Манчестер Јунајтед постигна договор со Феенорд за трансфер на дефанзивецот, Тајрел Маласија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Левиот бек на холандскиот клуб имаше устмен договор со Лион, но понудата на „црвените ѓаволи“ ја промени ситуацијата.

Во последен момент Манчестер Јунајтед се вклучи во трката и ја добие битката за потписот на Холанѓанецот. Директорот на Феенорд Франк Арнесен откри дека клубот ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед која е вредна 15 милиони евра и сега се чека одлуката на играчот.

Агентите на Маласија се истите оние кои го претставуваат Френки де Јонг, па се очекува брзо да ги договорат личните услови и трансферот на Маласија на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…