Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс се пресели во Челзи, каде ќе игра на позајмица со крајот на сезоната.
Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Атлетико за неговата слобода бара 100 милиони евра, со оглед на фактот дека самиот фудбалер не сака да се врати во Мадрид.
Челзи сака да го откупи, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед, кој сака да го „украде“ пред носот на „сините“.
Челзи ќе има предност во преговорите, но наводно не може да понуди повеќе од 80 милиони, додека Јунајтед е спремен да ја плати сумата од 100 милиони евра која ја бараат „јорганџиите“.
🚨 Manchester United could make a move for Atlético Madrid forward João Félix.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 2, 2023
They want to nick him from under Chelsea’s nose!
(Source: Mundo Deportivo) pic.twitter.com/uubxwqzRD8