Пред почетокот на сезоната сигурно ретки беа оние фудбалски експерти кои на Манчестер Јунајтед му предвидуваа борба за шампионската титула во Премиер лигата.
Меѓутоа, во овој момент Манчестер Јунајтед се наоѓа на 2. место на табелата со 33 бода, колку што има и водечкиот Ливерпул, но „црвените ѓаволи“ имаат и натпревар помалку.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Токму добрите резултати во Премиер лигата како што пишуваат островските медиуми го натерале раководството на Јунајтед во јануарскиот преоден рок да го „одврзе ќесето“.
Така тие во јануари изгледа ќе потрошат повеќе пари отколку што се планираше на почетокот на сезоната. Според она што се пишува во медиумите на Островот две имиња се на врвот на листата желби на „црвените ѓаволи“.
Сепак, едната мета тешко дека ќе ја добијат и ќе мораат да бараат алтернатива. Станува збор за Давид Алаба за кого пред некој ден на големо се пишуваше дека веќе има договор со Реал Мадрид. Втората мета е далеку по реална, еквадорскиот играч за врска Моисес Каиседо кој настапува за Индепендиете Дел Вале.