Дома Македонски спорт Македонци низ светот: Трајковски погоди за реми на Палермо, Јаховиќ ја „начна“ Галатасарај (Видео)

Македонци низ светот: Трајковски погоди за реми на Палермо, Јаховиќ ја „начна“ Галатасарај (Видео)

makedonci

Како што се наближува крајот на годината, голем дел од првенствата веќе ја стартуваа зимската пауза, па така и дел од нашите „гастербајтери“ веќе се на заслужен одмор, да го проследиме учинокот на оние кои настапија.

Адис Јаховиќ одигра 90 минути поразот на Гозтепе од Галатасарај од 3:1, стрелец на единствениот гол за Гозтепе беше токму Јаховиќ од пенал.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Енис Барди во ремито на Леванте против Леганес од 0:0 во игра влезе во 57 минута од натпреварот.

Горан Пандев одигра 90 минути во победата на Џенова против Беневенто од 1:0.

За Палермо Илија Несторовски сеуште е надвор од тимот на Палермо, додека Александар Трајковски беше стрелец за клубот од Сицилија во ремито од 1:1 против Чезена.

Егзијан Алиоски одигра 90 минути во победата на Лидс од 1:0.

Стефан Ристовски не беше во составот на Спортинг кој одигра 0:0 против Беленесес.

Елиф Елмас сеуште е надвор од составот на Фенербахче кој ова коло одигра реми 1:1 против Коњаспор.

Стефан Спировски со својот Френцварош во унгарската прва лига денес го игра својот натпревар против Хонвед, како и Кире Ристевски за Васас против Видеото и Виктор Ангелов за Ујпест против Халадас.

Столе Димитриевски за тимот на Гимнастик одигра 90 минути и прими два погодоци во поразот на неговиот тим од Хуеска 1:2

Нијаз Лена во редовите на Теута одигра 90 минути во поразот на овој тим од 3:1 од Скендербеу.

Гојко Зајков одигра 90 минути во поразот на Гент од 1:0.

Бојан Најденов не беше во составот на Смоуха која загуби со 2:1 од Ел Ентаг Ел Харби.

Никола Ѓоргев не беше во составот на Твенте во ремито од 0:0 Екселзиор.

Во поразот на Дордрехт од 2:3 против Јонг ПСВ, Антонио Станков одигра 90 минути, додека Денис Махмудов беше заменет во 69 минута од натпреварот.

Во тимот на Фламуртари кој запиша победа од 0:3, Артим Положани, Мухамед Усеини и Горан Сиљановски одиграа 90 минути, Усеини заработи и жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Столе на првиот тренинг во Валенсија 🎥

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, денес го имаше п…