Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години загуби од БиХ со 76-95 во полуфиналето на Европското првенство дивизија Б, но ќе има уште една шанса за обезбедување место во елитата.
„Црвено-жолтите“ одиграа одлично во првото полувреме, беа рамноправен противник и на пауза се замина со изедначени 50-50. Во третата четвртина БиХ направи разлика од 10 поени, а во четвртата четвртина предноста се зголеми за конечни 76-95.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најдобри поединци во составот на Александар Јованчев беа Гоце Петрушевски со 18 поени и со 8 скока, односно Богдан Мирковски со 13, Марко Миловановиќ со 12 поени и Андреј Андоновски со 11 поени.
Македонија се уште има шанса за пласман во посилната конкуренција, но за тоа ни е потребна победа во утрешниот меч против Русија или Чешка.