Алесандро Неста, поранешниот капитен на Лацио, легенда на Милан, светски шампион од 2006 година и еден од најдобрите дефанзивци во овој век, пред пет години последен пат го облече дресот на „росонерите“ и замина преку барата.
Играше во МЛС лигата каде ги бранеше боите на Монтреал, а потоа се одлучи за тренерска кариера. Две години го водеше Мајами во НАСЛ лигата, беше и прв на табелата, а потоа поднесе оставка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неста сега сака да се врати во Европа, а италијанските медиуми пренесуваат дека ќе добие шанса во својата татковина. Имено, Сандро до крајот на месецот би требало да стане тренер на Тернана.
Тернана ја чека грчевита борба за опстанок во Серија Б, а раководството на клубот верува дека Неста може да му ја даде потребната харизма и победнички менталитет на тимот.
Неста беше еден од најдобрите дефанзивци кои некогаш играле во Серија А, па време е да видиме како ќе се снајде покрај линијата.