Славниот тенисерски ас Роџер Федерер се поднови со луксузна недвижнина во Дубаи, каде редовно секоја година се подготвува за почетокот на наредната натпреварувачка сезона.


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Федерер во монденскиот Дубаи купи луксузен апартман во славната зграда „ Le Reve”, за кој платил 15 милиони евра, пренесуваат медиумите. Погледот од апартманот на Федерер од 566 квадратни метри е неверојатен.


Станот е светол и има величествен поглед на морето од балконот од 80 квадратни метри, пишуваат швајцарските медиуми.



Семејството Федерер на располагање има и базен кој се наоѓа на кровот на зградата, како и најсовремен фитнес центар, опремен по инструкции на Роџер, поради тоа што славниот тенисер токму во Дубаи редовно ги врши професионалните подготовки за почетокот на секоја сезона.