Ромелу Лукаку поради интервјуто на „Скај Италија“ не се најде во составот на Челзи за натпреварот против Ливерпул.
Лукаку во интервјуто зборуваше дека се кае што го напуштил Интер и дека не е среќен во Челзи. Белгиецот испрати и критики до системот на игра кој го практикува Томас Тухел.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Два дена подоцна Лукаку јавно им се извини на сите.
„Се извинувам на навивачите поради вознемиреноста која ја предизвикав. Сите ја знаете мојата поврзаност со клубот уште од тинејџерските денови. Разбирам што ве вознемирува, останува да ја вратам вашата доверба, ќе дадам се од себе со посветеност на тренинзите. Се извинувам и на тренерот, соиграчите и управата затоа што мислам дека не беше добар момент да го зборувам тоа. Сега сакам да го оставам тоа зад себе и да работам за тимот на најдобар начин“, изјави Лукаку.
A message from Romelu.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 4, 2022