Дома Фудбал Италија Лукаку: Останувам во Интер, разговарав со новиот тренер

Лукаку: Останувам во Интер, разговарав со новиот тренер

Ромелу Лукаку зад себе има одлична сезона во Серија А, а добрата форма ќе се обиде да ја демонстрира и во дресот на репрезентација на Белгија на Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во изминатите недели многу работи се случија во Интер. Поради финаниската ситуација си замина Антонио Конте, а се споменуваат заминувања на уште неколку фудбалери.

На излезни врати е Ашраф Хакими кој е блиску до ПСЖ, а не се исклучува можноста по неговите стапки да тргне уште некое звучно име. Сепак, едно е сигурно. Тимот нема да го напушти Лукаку. Белгиецот во разговор за белгиските медиуми потврди дека веќе разговарал со новиот тренер на Интер, Симоне Инзаги кој наскоро треба да биде промовиран.

„Да останувам во Интер. Веќе разговарав со човекот кој ќе биде нов тренер. Можеби не требаше тоа да го кажам, но тоа беше многу позитивен разговор“, изјави Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Матета му се заблагодари на Милан за неуспешниот трансфер

Напаѓачот на Кристал Палас Жан-Филип Матета изрази благодарност до Милан за неуспешните ме…