Капитенот на актуелниот македонски шампион, Вардар, Стојанче Стоилов ќе паузира на стартот на новата сезона. Имено, познато е дека на вчерашниот меч против ПСЖ се здобил со повреда, односно скршеница на десната дланка.
Стоилов во еден дуел со Карабатиќ на синоќешниот меч ја повреди рака, па во вториот дел не беше воопшто ниту во ростерот на Вардарци.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По враќањето во Скопје ќе следуваат дополнителни лекарски прегледи, но сега засега речиси е сигурно дека тој ќе отсуствува минимум неколку недели од паркетот.
Во рамки на турнирот во Фрнација, македонскиот шампион денес ќе се соочи со екипата на Мешков Брест во 18:15.