Дома Фудбал Лионел Меси – „Кралот“ на „Ноу Камп“!

Лионел Меси – „Кралот“ на „Ноу Камп“!

messi

Кога ќе го видете податокот кој утрово го објави фудбалскиот „завод за статистика“ ќе ви биде јасно зошто круната оди за „волшебникот“ од Росарио.

Во вчерашното каталонско дерби во кое Барселона успеа да ја надополни негативата и да го елиминира Еспањол во четвртфиналето од шпанскиот куп постигнат беше 4.000 гол на „Ноу Камп“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Стрелец на овој погодок беше Лионел Меси, погодок кој на крајот се покажа како клучен за пласманот на Барселона во наредната фаза од натпреварувањето.

За на „Ноу Камп“ да бидат постигнати 4.000 погодоци потребни беа нешто повеќе од 60 години со оглед на тоа дека овој стадион беше отворен во 1957 година.

Звучи по малку неверојатно, но Лео Меси учествуваше во 10% од овие погодоци, дури и нешто повеќе.

Аргентинецот од своето деби на „Ноу Камп“ во 2004 година до денешен ден постигна 308 погодоци и 102 пати им асистираше на своите соиграчи.

Освен по 4.000 погодок вчерашниот натпревар ќе остане запаметен по дебито на Фелипе Кутињо и простувањето од Хавиер Маскерано.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…