Ливерпул покажува сериозен интерес за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам, пренесуваат германските медиуми.
18-годишниот фудбалер остава одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Ливерпул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, трансферот на Белингам во моментов изгледа скоро невозможен бидејќи Борусија не сака да слушне за негова продажба, особено поради фактот што на крајот на сезоната најверојатно ќе се раздели со Халанд.
Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но Ливерпул ќе се обиде на лето со богата понуда да ги убеди „милионерите“ да го пуштат.
Белингам ја доби и наградата на „Goal.com“ за најдобар млад фудбалер во Европа во конкуренција на 20 таленти.