Ливерпул е спремен на лето да се раздели со својата голема ѕвезда, Роберто Фирмињо, пренесуваат медиумите на Островот.
30-годишниот Бразилец има договор на уште 15-месеци со Ливерпул и клубот нема намера да му понуди нов, туку ќе го стави на трансфер листа на лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од почетокот на сезоната Фирмињо имаше неколку повреди и го загуби местото во стартниот тим и до овој момент има постигнато седум гола.
Со оглед на падот на неговата форма и краткиот договор со Ливерпул, „црвените“ сметаат дека сега е вистинско време за продажба и му поставиле цена од 20 милиони фунти.
За Фирмињо интерес покажуваат неколку европски гиганти, а најсилен е интересот на Атлетико Мадрид и Интер.