Вечерв се одигра шестото коло од дел од групите во Лигата на шампионите, а за издвојување секако е тоа што Милан нема да продолжи ниту во Лигата на Европа.
Вечерва „росонерите“ беа поразени во дербито од Ливерпул. Милан прв дојде до водство и тоа преку Томори после половина час се игра. Ливерпул изедначи со голот на Салах само седум минути подоцна. На паузата се замина со по еден гол на двете страни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Второто полувреме донесе многу подобра игра на Ливерпул, тоа резултираше со гол на Ориги после 10 минути игра. Милан најдобрата шанса ја имаше преку Кеси на пет минути пред истекот на регуларните 90. Со овој пораз на Милан и останува последен во групата и покрај поразот на Порто во оваа група од Атлетико (1:3). Ливерпул завршува како прв, Атлетико втор, Порто трет и Милан четврти.
Второто дерби вечерва немаше резултатско значење затоа што и Реал и Интер го имаа обезбедено својот пласман во нокаут фазата. Реал ги доби „нероаѕурите“ со 2:0 со головите Крос во првото и Асенсио во второто полувреме. Во вториот натпревар оваа група Шахтјор и Шериф одиграа 1:1 со гол на нашиот Бобан Николов.
Нема да ја гледаме во осминфиналето од Лигата на шампионите Борусија Дортмунд. „Милионерите“ денес убедливо го победија Бешикташ со 5:0, но тоа не им значеше ништо затоа што од претходното коло пласманот во нокаут фазата го обезбедија Ајакс и Спортинг. Вториот дуел помеѓу патниците во нокаут фазата донесе шест гола и победа на Ајакс од 4:2.