Рано утрово по наше време силите во „Стејплс Центарот“ ги одмерија Лејкерси и Бакси.
Беше тоа дуел на двете екипи со најдобар учинок во досегашниот дел од НБА сезоната, а Лејкерси на свој паркет стигнаа до победа со резултат 113:103. Така франшизата од Градот на анѓелите го обезбеди плеј-офот на 21 натпревар пред крајот од регуларниот дел од сезоната. Ова ќе биде прв пле-оф за Лејкерси од 2013 година.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Бакси беа подобри во првото полувреме, но Лејкерси пред заминувањето на одморот го анулираа заостанувањето. Така после две четвртини резултатот гласеше 48:48.
Домаќините во третата четвртина брзо стигнаа до двоцифрена предност која порасна и до +15. Го решија Лејкерси натпреварот во третата четвртина, па во последната само ја довршија работата.
Лејкерси беа предводени од Леброн со 37 поени, 8 скокови и 8 асистенции, го следеше Дејвис со 30 поени и 9 скокови. Кај Бакси најдобар беше Јанис Антетокумпо кој натпреварот го заврши со 32 поени и 11 скокови.
Порзингис и Дончиќ го одведоа Далас до победа против Мемфис (121:96). Порзингис натпреварот го заврши со 26 поени и 11 скокови, додека Дончиќ уфрли 21 поен.
Одлична вечер одигра Црногорецот, Никола Вучевиќ кој во победата на Орландо над Минесота (118:132) оствари дабл-дабл со 28 поени и 12 скокови.
НБА резултати:
Вашингтон – Атланта 118:112
Бруклин – Сан Антонио 139:120
Њујорк Никси – Оклахома 103:126
Бостон – Индијана 102:108
Минесота – Орландо 118:132
Индијана – Мајами 110:104
Далас – Мемфис 121:96
Феникс – Портланд 127:117
Лејкерси – Милвоки 113:103