Дома Фудбал Останато Ленс го шокираше ПСЖ на стартот од Лига 1 ?

Ленс го шокираше ПСЖ на стартот од Лига 1 ?

Тимот на Ленс вечерва направи големо изненадување и на свој терен го победи ПСЖ во натпревар од второто коло во Лига 1.

Парижаните вечерва беа ославени поради проблемите со коронавирусот во своите редови, но сеедно беа големи фаворит. Сепак, Ленс играше одлично и заслужено стигна до победата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Домаќините првата голема шанса ја имаа во 17. минута кога Ганаго ја погоди стативата. Се обиде потоа Сил, но остана 0:0. ПСЖ едноставно никако не успеваше да дојде до својата игра и изгледаа целосно безидејно. Ленс тоа знаеше да го искористи и на почетокот на второто полувреме да дојде до предност.

Одлучувачкиот момент се случи во 57. минута кога голманот на гостите Булки направи аматерска грешка, а Ганаго погоди за 1:0.

Ленс можеше и поубедливо да слави, меѓутоа на крајот резултатот остана 1:0. Треба да се спомене дека ПСЖ вечерва имаше само еден удар во рамките од голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…