Новиот пораз на Манчестер Јунајтед од Јувентус во Лигата на Шампионите беше повод легендите на клубот, Сколс и Фердинанд да упатат нови жестоки критики.
„Јувентус го надигра Јунајтед на секој дел од теренот. Покажа разлика во класата во однос на Манчестер. Секоја чест за Диабала на начинот на кој ја заврши акцијата за гол, секоја чест и на црно-белите на изданието во гости против голем клуб. Не и голем тим, каков што порано беше“, остар беше во коментарот Пол Сколс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот играч за врска се смета за еден од најголемите критичари на Мурињо, а изданието на „Олд Трафорд“ му даде право да продолжи во ист стил.
„Разликата во класата беше очигледна. Кога Јунајтед беше во посед на топка делуваше нервозно. Дали Мурињо е среќен поради минималниот пораз? Можеби и да. Кој знае… кога ќе видите како играа домаќините и каков став имаат момците на Мурињо ќе се чувствувате засрамено. Сите очи беа фокусирани на Роналдо, многу се зборуваше за неговото враќање на Олд Трафорд, а му дозволија да има простор колку што сака. Јунајтед се мачеше да му одговори на притисокот од Јуве, кој играше динамично, а неговите играчи секој момент измислуваа нешто ново на средината на теренот“, додаде Сколс.
Еднакво разочаран од играта на поранешниот англиски шампион беше и Рио Фердинанд.
„Ми значеше овој натпревар на претходните два во кој Јунајтед бркаше пресврт. Ако морав да го опишам во една реченица би рекол дека делуваа како да играат возрасни против деца. Од Манчестер се бара да нападне, како и што се очекува да играте под светлата на Лигата на Шампионите. А добивме летаргично издание во првото полувреме, додека начинот на игра, формацијата и инвентивноста од овој тим на Јувентус е огромен проблем за Манчестер“, додаде поранешниот стопер на англиската репрезентација.