Легендарниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Гути Ернандез, зборуваше за кралскиот клуб во емисијата која ја води познатата италијанска водителка Дилета Леота.
Гути смета дека овој Реал е посилен отколку во ерата на Галактикос и дека особено жали што не можел да игра со Шпанија на Светско или Европско првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа е магијата на Реал Мадрид. Кога гледате натпревар на Реал, дури и кога тие губат, мислите дека ќе победат“ зборуваше Гути, а потоа призна дека многу го боли што не игра на големо натпреварување за шпанската репрезентација.
„Има една работа која многу ме боли, а тоа е што не можев да играм на Светско или ЕП со Шпанија. Мислам дека не го заслужив тоа и дека требаше да играм“, истакна Гути.
Гути се збогуваше од фудбалот во 2011 година како играч на Бешикташ, а се присети на еден од најдобрите потези во кариерата, асистенција на Карим Бензема против Депортиво со пета.
Реал Мадрид гостуваше во култниот Риазор, каде немаше победа повеќе од 18 години. Гранеро ги доведе Лос Бланкос во водство, а потоа Бензема на асистенција на Гути ја потврди победата за кралевите.
„Најдоброто е што Бензема ја следеше играта, можеше да застане и тогаш моето додавање немаше да има значење. Ќе беше полесно да шутев, но тогаш никој немаше да се сети на тој гол“, објасни Гути.