Дома Фудбал Легендата на Реал Мадрид е пред преселба во нов клуб

Легендата на Реал Мадрид е пред преселба во нов клуб

Според шпанските медиуми, Серхио Рамос е блиску до преминување во Бока Јуниорс.

Рамос минатата сезона играше за Севиља и моментално е слободен играч без клуб. Тоа го искористи Бока Јуниорс.

Аргентинскиот великан ги повлече врските и го договори трансферот на славниот Шпанец. Рамос остана во добри односи со Аргентинецот Фернандо Гаго, кој стана клучниот човек во реализацијата на тој трансфер.

Така Бока наскоро би можела да добие одличен стопер, кој зад себе има навистина богато искуство и бројни трофеи.

Во Севиља заработуваше 11 милиони евра по сезона, а во Бока ќе биде пет милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија ја почнува новата сезона во Лигата на Нации – Швајцарија е гостин во Скопје!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тод…