Дома Трансфер зона Левандовски уште еднаш потврди: Невозможно е да бидам играч на Баерн следната сезона

Левандовски уште еднаш потврди: Невозможно е да бидам играч на Баерн следната сезона

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски уште еднаш ја потврди намерата да си замине од Баерн Минхен.

Левандовски вчера беше во Монте Карло каде што присуствуваше на трката во Формула 1, а оваа прилика новинарите ја искористија и да му постават прашање за неговата иднина.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Клубот со кој најмногу се поврзува Левандовски е Барселона, па новинарите ги интересираше што им Левандовски да каже на оваа тема.

„Шпанија е одлично место. Имаме куќа таму. Барселона? Се зависи од многу фактори. Сепак, мојата ситуација е јасна и не сакам да бидам емотивен или да трошам зборови на оваа тема. Невозможно е да бидам фудбалер на Баерн следната сезона“, порача напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Ајакс има нов тренер!

Италијанецот Франческо Фариоли и официјално е нов тренер на холандскиот гигант Ајакс. Изми…