Лаутаро Мартинез ја одби првата понуда на Интер за продолжување на договорот, а тоа го вклучи алармот кај многу европски гиганти.
Имено, „Газета дело Спорт“ пренесува дека голгетерот се премислил и откако ја увидел ситуацијата на пазарот побарал зголемување во однос на договорените осум милиони евра од претходно.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лаутаро побарал плата од десет милиони евра годишно плус бонуси, која Интер не може да си ја дозволи во моментов.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои се спремни да му понудат многу повисока плата.
Лаутаро има договор до летото 2026 година, па Интер не е приморан да го продава, но споменатите клубови се спремни да понудат 120 милиони евра за неговиот потпис.