Дома Топ вести Лапорта: Се надевав дека Меси ќе игра бесплатно за Барселона

Лапорта: Се надевав дека Меси ќе игра бесплатно за Барселона

Лионел Меси ова лето ја напушти Барселона како слободен играч бидејќи не можеше да го продолжи договорот поради финансискит баланс на клубот.

Лапорта денес открива дека имал „луда“ идеја и се надевал дека Меси ќе се согласи да игра бесплатно за Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Премногу го сакам Меси за да бидам лут на него. Најлошо беше кога сфативме дека не можеме да направиме ништо, беше разочарување за двете страни. Имаше желба да остане, но и притисок од богатите понуди. Сите знаевме дека ако замине од Барса ќе оди во ПСЖ. Се покажува дека таа понуда ја имал уште пред да замине од Барса. Меси ќе остане запаметен како најдобар фудбалер во историјата на Барселона“, изјави Лапорта.

„Кога дојде моментот, бев убеден дека ќе направи нешто што е најдобро за Барселона. Се надевав дека ќе го промени мислењето и дека ќе игра бесплатно, но не можеме да го бараме тоа од таков играч. Имавме добар однос и сметав дека ќе му се оддолжиме кога ќе бидеме во подобра економска состојба. Но, не можевме да го бараме тоа од него бидејќи имаше богата понуда од Париз“, додаде претседателот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…