Европското првенство ќе почне утре со мечот меѓу Македонија и Франција од 18 часот, а тоа ќе биде историски натпревар затоа што се очекуваат над 55.000 навивачи на трибините.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека се продадени рекорден број билети со што ќе биде урнат претходниот рекорд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„За нас голема е честа што ќе бидеме дел од историски натпревар, да играме пред 55.000 навивачи и тоа треба да биде голем мотив за нашите ракометари. Ова е одлично за ракометот како спорт, ако некој знае да организира ваков настан, тогаш тоа сигурно се Германците. Сите знаеме против кого играме, Франција според мене е најсилна репрезентација на ова ЕП, но нашата цел е да се прикажеме во добро светло. Сите сакаат да гледаат спектакл и ние не смееме да потфрлиме“ изјави Лазаров.