Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонските ракометари подобри од Естонија

Македонските ракометари подобри од Естонија

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Естонија со 37:33 во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година.

Момците на Кире Лазаров имаа одличен старт на мечот, поведовме со 4-1 и ништо не наговестуваше неизвесност, но како што одминуваше времето Естонија играше се подобро и на полувремето се замина со нерешени 20-20.

Естонците беа подобри во првата половина на второто полувреме, во еден период водеа и со два разлика, но избраниците на Лазаров се вратија и успеаа да дојдат до важна победа.

Серафимов постигна 10 голови, по седум Митев и Кузмановски, а по три погодоци запишаа Џонов и Петковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Марковиќ избира меѓу 35 ракометарки, патот на ЕП почнува со Швајцарија

Македонија го формира составот за Европското првенство во Клуж. Подготовките почнуваат на …