Легендарниот ракометар на Барселона, Виктор Томас на вонредна прес-конференција со солзи во очите откри дека мора предвреме да стави крај на кариерата.
Капитенот на Барселона оствари голем број успеси, како на клупски така и на репрезентатвен план, меѓутоа после препорака од докторите тој одлучи да се повлече од професионалното играње ракомет. Македонскиот капитен Кире Лазаров во Барселона неколку години беше соиграч со Томас, а по објавувањето за предвременото пензионирање Лазаров му испрати порака на шпанскиот ракометар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Чест беше да се дели соблекувалната со така квалитетен и борбен играч, но пред се добра личност. Вистинска штета е што го оставаш ракометот, но мораш да бидеш презадоволен од она што го направи. Ти посакувам среќа од срце во иднина. Остануваме пријатели засекогаш“, стои во објавата на Кире.