Поранешниот аргентински фудбалер Езекиел Лавеци е избоден со нож во Уругвај и моментално се наоѓа во болница.
Според информациите екс-фудбалерот на Наполи и ПСЖ по расправија бил избоден неколку пати и се здобил со повреди во пределот на стомакот. Освен тоа тој се здобил и со скршницан а клучната коска.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно, повредите на Лавеци му ги нанел негов роднина откако претходно се расправале за пари. Немилиот настан се случил во пет часот наутро, а Лавеци во полиција го довела девојка
Семејството на фудбалерот, сепак, тврди дека Лавеци паднал од скала додека менувал сијалица и го повредил рамото, но полицијата работи на случајот и наскоро се очекуваат повеќе детали.