Дома Трансфер зона Лавеци сака да се врати во Европа: Се понудил на клуб од Серија А, но добил „корпа“

Лавеци сака да се врати во Европа: Се понудил на клуб од Серија А, но добил „корпа“

Езекиел Лавеци во зимскиот преоден рок 2016 година го напушти ПСЖ и се пресели во Кина. Тогаш Лавеци за 5.5 милиони евра премина во Хебеи Фортун каде што баш и не му оди.

Не успеа искусниот Аргентинец да се прилагоди на животот во Кина и веќе некое време се поврзува со враќање во Европа.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лавеци неодамна наполни 34 години, а „Скај Спорт“ тврди дека искусниот напаѓач се понудил на Торино.

Наводно Лавеци би бил и повеќе од среќен поради потенцијалниот трансфер во Торино со оглед дека овој клуб повторно би соработувал со Валтер Мацари под чие водство играше одличен фудбал во Наполи.

Аргентинецот така ќе мора да побара некоја нова опција за враќање.

Инаку Лавеци во својата кариера во Серија А го носеше дресот на Џенова и Наполи. Токму во Наполи остави најдлабока трага, одигра 188 натпревари постигна 48 голови и запиша 57 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…