Дома Фудбал Останато „Куман не би го земал ниту за хаусмајстор, во сабота сигурно нема да го поздравам“

„Куман не би го земал ниту за хаусмајстор, во сабота сигурно нема да го поздравам“

Роналд Куман минатото лето беше избран за нов тренер на Барселона, а веднаш по доаѓањето во клубот отпиша неколку играчи.

Навивачите беа изненадени кога преку телефонски разговор го известил Луис Суарез дека повеќе не смета на него. Покрај Суарез од клубот си заминаа: Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Рафиња, Нелсон Семедо…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, за холандскиот стратег не е првпат да направи такво нешто. Истата работа Куман ја направи кога дојде во Валенсија и без некое објаснување отпиша неколку играчи. Сепак, Куман во Валенсија се задржа само половина година после што доби отказ поради лошите резултати.

На тој период сега се потсети Хоакин Санчез кој тогаш беше член за Валенсија. Хоакин сега како играч на Бетис за викендот ќе игра против Барселона.

„Ако јас сум во управата на Бетис не би го довел Роналд Куман никогаш, него не би го земал ниту за хаусмајстор. Ние двајца своевремено многу си кажавме еден на друг. Во сабота нема ниту да го поздравам. Ме тренираше во Валенсија и тоа беше еден од најлошите периоди во мојата кариера, не беше пријатно, не сакам да се потсетувам и да зборувам за тоа искуство“, изјави Хоакин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…