Дома Фудбал Лига на шампиони Куман: Не гледам подобар тим од Барселона, играчите како Меси, Нејмар и Роналдо треба да се заштитени

Куман: Не гледам подобар тим од Барселона, играчите како Меси, Нејмар и Роналдо треба да се заштитени

Tренерот на Барселона, Роналд Куман верува дека нема многу тимови кои се подобри од неговиот.

Првиот меч од осминафиналето помеѓу Барселона и ПСЖ се игра во вторник на „Ноу Камп“.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Возбудени сме поради Лигата на шампионите. Не чека двомечот со ПСЖ кој е силен тим. Ние напредувавме, но тие имаа навистина силен карактер. Сигурно дека ќе се обидат да доминираат и да постигнат гол на гости. За нас е важно да го сочуваме својот гол“.

„Не гледам дека другите тимови се подобри од Барселона. Имаме одличен тим, момците играат на високо ниво и можеме да победиме било кого“.

ПСЖ во овој натпревар ќе биде без Нејмар кој е повреден.

„Играчите како Нејмар, Меси и Роналдо треба да бидат заштитени. Тие ни овозможуваат да уживаме во оваа игра“, порача стратегот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…