Дома Фудбал Лига на шампиони Куман верува во чудо во Париз: Се уште постои шанса

Куман верува во чудо во Париз: Се уште постои шанса

Барселона утре ја чека тешка мисија против Пари Сен Жермен кој во првиот натпревар од осминафиналето направи предност од 1:4.

Каталонците во Париз ќе се обидат да направат ново чудо. Пред четири години со Нејмар на својата страна успеаа да надополнат пораз од 0:4 така што во вториот натпревар побеидја со 6:1. Сега на „Паркот на принцовите“ Барселона ќе има проблеми и со играчкиот кадар затоа што Роналд Куман нема да смета на повредените Пике и Араухо. Тандемот пред Тер Штеген би требало да биде Ленгле – Умтити.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Роналд Куман на прес-конференцијата истакна де верува во чудо.
„Се надевам дека ќе одиграме поинаков натпревар. Се уште постои шанса. Се зависи од тоа како ќе го започнеме натпреварот, колку енергија ќе вложиме и дали ќе им направиме проблеми. Мораме да бидеме ефективни. Многу покажаа во првиот натпревар и сега ние мораме да одиграме на највисоко ниво, верувам дека се е можно“, порача Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…