Дома Фудбал Останато Крос има инетерсен совет за Лерој Сане!

Крос има инетерсен совет за Лерој Сане!

Лерој Сане не беше на Светското првенств во Русија, а исто така од почетокот на новата сезона во Манчестер Сити не забележи ниту еден старт.

Во Сити постои недостиг на играчи во средниот ред, бидејќи повреден е Кевин Де Брујн, а на тоа и тренерот Гвардиола практикува ротација. Меѓутоа, во таа ротација го нема Сане, кој е изоставен поради недостаток на дисциплина и слаба концентрација на тренинзите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Понекогаш имате чувство дека говорот на телото на Сане е исто и кога победува и кога ќе изгуби. Тој е играч кој има се што му е птребно да стане светска класа. Понекогаш, но мора да му кажам дека треба подобро да игра“, изјави колегата на Сане од репрезентацијата, Тони Крос.

„Јасно е дека има квалитет, брзина, лева нога. Ако добро игра, тој е вистинско оружје. Има квалитет особено за Германија, но можеби тренерот ја гледаше неговата игра за репрезентацијата и не беше среќен. Беше одличен во Сити минатата година, но Гвардиола го има истиот проблем сега. Се обидува да го извлече најдоброто од него“, додаде играчот на Реал.

Германија во Лигата на нациите стартува на домашен терен против Франција во четврток од 20:45, додека пријателскиот натпревар со Перу на програмата е во недела во истиот термин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…