Во последниот ден од преодниот рок Горан Пандев направи трансфер во Парма каде што ќе ги помине последните шест месеци во кариерата.
Џенова со специјално видео му се заблагодари на Пандев, а на социјалните мрежи се огласи и капитенот на екипата Доменико Кришито.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Сакам да ти се заблагодарам за се што ме научи на теренот и надвор од него. За мене ти си легенда. Среќно пријатели, ќе ни недостасуваш“, порача Кришито.
Во Парма Пандев ќе биде соиграч со легендарниот Џанлуиџи Буфон кој редовите на „млекарите“ пристигна на почетокот на оваа сезона.