Дома Фудбал Лига на шампиони „Кралот“ никогаш НЕ смее да биде отпишан: Десет причини зошто Реал МОЖЕ да го елиминира ПСЖ

„Кралот“ никогаш НЕ смее да биде отпишан: Десет причини зошто Реал МОЖЕ да го елиминира ПСЖ

real

Спасот на Реал оваа сезона е можен само доколку бидат исполнети овие десет точки пишува „Марка“.

„Марка“ која дневно ја читаат милиони Шпанци денес пишува за ситуацијата во Реал Мадрид и начинот како да се спаси сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал изгледа изгубено на половина од сезоната, во Шпанија немаат на што да се надеваат. Барселона има предност од 14 бодови, додека Леганес ги елиминираше од шпанскиот куп.

Останува само Лигата на шампионите, тука имаат навистина тешка препрека, фантастичниот тим на ПСЖ.

На две недели пред првиот натпревар од осминафиналето, „Марка“ наведе десет причини зошто тоа може да се оствари

1. Продолжување на натпреварите со многу голови

– Реал со 11 погодоци против Депортиво и Валенсија си го врати својот заштитен знак.

2. „ББС“ се враќа после девет месеци.

– После скоро девет месеци Зидан повторно може да смета на напаѓачкото трио кое имаше големи проблеми со повредите.

3. Кејлор Навас

– Секогаш му бараат замена, а тој секогаш се враќа посилен од било кога, тој е „мачката со девет животи“ на Реал.

4. Капитенот се враќа

Серхио Рамос ќе игра против ПСЖ, а тоа е од голема важност.

5. Начо може против Нејмар.

– На Реал навистина му недостасува десниот бек Карвахал, но поливалентниот дефанзивец покажа дека е негова достојна замена. Според „Марка“ Зидан може да се надева на него против Нејмар.

6. Зидан веќе го помина ова

– Погрешно е тврдењето дека на Зидан ова му е прва ваква ситуација. Французинот пред две години го превзема тимот кој тогаш беше во криза.

7. Марсело се враќа во форма

– Бразилецот ја надмина кризата која не може да се заборави и повторно е одличен на левата страна

8. Крос и Модриќ

– Душата на играта на Реал и продолжената на рака на Зидан на теренот. Против Валенсија ги видовме во најдобро издание. Одлично ја контролираа играта и испраќаа фантастични проигрувања.

9. ПСЖ веќе еднаш беше победен

– Реал го чека тежок противник, но и противник кој веќе го победи. Парижаните беа опасни и во сезоната 2015/2016…но Реал ги победи и тоа со голот на Начо.

10. Традицијата

– Без оглед на тоа колку Реал лошо игра во првенството во Лигата на шампионите никогаш не смеете да ги отпишете. Бидејќи ова не би било прва сезона Реал да е очаен во Ла Лига, а да ја освои Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…