Дома Фото Кој клуб има најмногу титули во Копа Либертадорес?

Кој клуб има најмногу титули во Копа Либертадорес?

Аргентинска Ривер Плата синоќа во Мадрид го освои насловот првак на Јужна Америка.

Ривер во големото финале на Сантијаго Бернабеу го совлада најголемиот ривал Бока Јуниорс со 3:1 и стигна до четвртата титула во Копа Либертадорес.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со оваа титула Ривер се изедначи на вечната листа со уште еден аргентински великан Естудиантес, кој во историјата играл пет финалиња, од кои освои четири титули.

Напред има уште два аргентински клуба и еден уругвајски. Најмногу трофеи, седум,  има Индепендент. Меѓутоа, овој аргентински клуб последното финале го одигра фо 1984. година, а сите титули ги освои во периодот од 1964. до 1984. година.

Шест титули има синоќешниот финалист Бока кој својот последен трофеј го подигна во 2007. година.

Титулата ја освоиле вкупно 25 тимови, аргентинските екипи најмногу пати го подигнале пехарот (25), а во финалињата низ историјата играле вкупно 43 тимови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…