Дома Актуелно Кошмар за совршениот Наполи – Еден од најстардните ја заврши сезоната!

Кошмар за совршениот Наполи – Еден од најстардните ја заврши сезоната!

insigne hamsik gulham

Се случи она од кое веројатно фановите на Наполи најмногу се плашеа, дали ова е најголемиот удар за сезоната од соништата на Наполи?

Фаузи Гулам изгледа ја заврши сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што јавуваат италијанските медиуми она што се претпоставуваше во текот на вчерашниот ден денес е и потврдено, левиот бек на Наполи ќе мора да оди на операција на коленото.

Ова за Наполи е вистински кошмар, Маџо е десен бек и некоја алтернатива кој од поодамана ги помина најдобрите денови, Сари нема вистинско решение. Наполи нема доволен број на играчи и тоа според многумина е проблем секоја година.

„Додека Јуве има 25 стартери, Сари има 13 или 14, истото се случи и минатата сезона“, коментираат медиумите на Апенините.

После двојниот пораз од Сити, Наполитанците практично се на работ на исфрлување од Лигата на шампионите, но би можеле да бидат трети и со тоа да обезбедат пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа.

„Тоа би било уште полошо, треба да испаднат, ако веќе не можат да бидат четврти веднаш после зимата нека направат се за да испаднат“, зборуваат навивачите.

Јасно, веруваат дека играњето на еден фронт би и помогнало на екипата да стигне до Скудетото во Италија, но не се надеваат на некои големи засилувања во текот на зимата. Едноставно немаат доволно пари за некое големо име.

Во Наполи сметаат дека оваа година е најдобрата

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…