Дома Трансфер зона Контроверзен трансфер на Јувентус: Го истражува и Советот за безбедност

Контроверзен трансфер на Јувентус: Го истражува и Советот за безбедност

Хан Кванг Сонг потпиша во јануари оваа година за Јувентус за сума од 3.5 милиони евра, а шест дена италијанскиот шампион го продаде на за пет милиони евра на катарскиот Ал-Духаил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега тие трансфери се под истрага на Советот за безбедност бидејќи претставуваат кршење на економските санкции изречени за Северна Кореја, државата од која доаѓа 22 годишниот фудбалер.

Според пишувањето на италијанските медиуми, Кванг-Сонг требало да се врати во Северна Кореја во декември 2019 година бидејќи на државјаните на таа земја и се забранува да работат во странство затоа што дел од заработката оди за режимот на Ким Јонг. Така испаѓа дека Кванг-Сонг со заработувањето во фудбалот ја финансира нуклеарната програма на Северна Кореја. Јувентус и Ал Духаил биле предупредувани дека може да добијат санкции, но клубовите ги игнорирале предупредувањата.

Поради ваквата ситуација Фиорентина претходно мораше да се откаже од потпишување на договор со Чое Сонг-Хјук. Италинаската влада интервенираше и го спречи клубот да го потпише договорот.

Кванг Сонг за Ал-Духаил постигна три гола во девет натпревари. За Јувентус никогаш не заигра, а настапи 20 пати за вториот тим минатата година на позајмицата од Каљари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…