Дома Фудбал Италија Конте разочаран: Треба да се срамиме, се стопивме како снег на сонце!

Конте разочаран: Треба да се срамиме, се стопивме како снег на сонце!

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, по поразот од 3:0 на гостувањето кај Верона во првото коло од Серија А изјави дека и тимот и тој како тренер „треба да се срамат“, но додаде и дека тој ја презема одговорноста за резултатот.

„Оние кои ме познаваат, знаат дека срцето ми крвари денеска, а се надевам дека и кај одредени играчи е исто така, бидејќи тоа барем би значело дека сме на вистинскиот пат кога е желбата и мотивот во прашање“, изјави Конте на новинарите.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Конте смета дека клучен во поразот бил првиот примен гол.

„Треба да им се извиниме на луѓето во Неапол, кои страсно не следат и навиваат за нас. Јас сум тренер и правилно е што ја преземам целосната одговорност. Нашиот настап во второто полувреме беше неприфатлив“, изјави Конте.

Фудбалерите на Верона го декласираа Наполи со 3:0, со еден гол на Ливерменто и два на Даниел Москера.

Конте го презеде Наполи во јуни, а е четврти тренер за само една година по заминувањето на Лучијано Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

АС: Модриќ добива нов договор, но со ново намалување на платата и статус на резерва

ЛУКА МОДРИЌ ќе го дочека и 40-тиот роденден како играч на Реал, иако за 40 дена му истекув…