Антонио Конте откако беше промовиран во нов тренер на Интер најави борба за трофеи, па планира сериозна реконструкција и засилување на тимот на „нероаѕурите“ ова лето.
Конте сака да ја прекине доминацијата на Јувентус и да го освои Скудетото, а за тоа ќе има и поддршка од сопствениците на Интер кои спремиле буџет од 200 милиони евра за засилувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Конте најпрво ќе прави „чистка“ и дека дури девет фудбалери ова лето ќе го напуштат Интер.
Секако, најголемите ѕвезди кои ќе заминат ова лето ќе бидат Икарди и Перишиќ, бидејќи Конте јасно им стави до знаење на раководните лица дека не ги сака во тимот.
Покрај нив излезната врата ќе им биде отворена уште на: Жоао Марио, Далберт, Миранда, Борха Валеро, додека Кеита, Врсаљко и Сердик нема да бидат откупени.
Од засилувањата најголеми желби се Лукаку, Џеко, Барела и Киеза. Исто така Конте сака да ги засили бековските позиции а главни мети се Данило и Коларов.
Доколку Интер пронајде заеднички јазик со Јувентус може да дојде и до трампа помеѓу Икарди и Дибала, но во моментов тоа е малку веројатно.
Во секој случај, Конте верува дека има солидна основа и дека со споменатите засилувања ќе се бори за Скудетото следната сезона.